Конашенков соопшти: Како напредува специјалната воена операција – Соборени хеликоптери и беспилотни летала
Нов пресек на ситуацијата: Руската воздушна одбрана собори украински хеликоптер и четири беспилотни летала
Руската воздушна одбрана собори украински хеликоптер и четири беспилотни летала, од кои едното се приближуваше до Севастопол над Црното Море, изјави за новинарите официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.
„Руските сили за воздушна одбрана соборија украински хеликоптер Ми-24 над населбата Стара Башањ. Во текот на денот над Киев, Чернигов и Балаклеја беа уништени три украински беспилотни летала. „Уништено е и едно украинско беспилотно летало кое се приближувало до Севастопол преку воздушниот простор над Црното Море“, рече тој.
Во последните 24 часа уништени се 91 украински воен објект, рече Конашенков.
Тој додаде дека руските вооружени сили ја продолжуваат офанзивата во Донбас и дека за еден ден ликвидирале 55 украински војници и шест оклопни возила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…