Кондовецот Бесим Красниќи излегол од затвор за да се лекува, но не се вратил во „Идризово“
Кондовецот Бесим Красниќи го пуштиле од затвор да се лекува, но откако Кривичниот суд, иако барал, не му го продолжил прекинот на издржувањето на затворската казна, тој не се вратил во „Идризово“ каде беше спроведен во 2024 година да ја доиздржува на затворската казна за кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам.
Кривичниот суд во мај оваа година му го уважил барањето на Красниќи за прекин на издржување на казната затвор, со оглед на тоа што лекарите констатирале дека мора да се лечи надвор од затворот.
-Прашањето дали потребното лекување може соодветно да се спроведува во затвор или е неопходно лекување надвор од установата е пред сè медицинско прашање, за кое одлучуваат надлежните лекари врз основа на здравствената состојба на осудениот. Така, судот, при одлучувањето за прекинот, пред сѐ го имаше предвид Медицинскиот наод изготвен од Д-р Јулијана Ангелова при ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Служба за здравствена заштита на осудени и притворени лица – Амбуланта КПУ Идризово и Мислењето од проф.д-р Огнен Костовски – абдоминален хирург, за дополнителни доинвестигации кај осудениот, како и препораката да се прекине казната за кое време би се спровеле доиследувањата кои не можеле да бидат реализирани во пенални услови. Имено, според мислењето на проф.д-р.Огнен Костовски, потребно било и дополнително да се направат доинвестигации во смисла на гастродуоденографија и евентуална “re-do“ процедура, со што единствено се занимавала клиниката за дигестивна хирургија – велат од Кривичен суд.
Откако му изминале 30 дена што му ги дале за лекување, на 16 јуни барал да го продолжи прекинот, но судот му го одбил.
-По барањето за продолжување на прекинот, судот со Решение ПК.бр.10/26 од 16.06.2026 година, го одби барањето на осудениот, оценувајќи дека од доставената медицинска документација не произлегува потреба од понатамошно лекување подолго од 30 дена надвор од казнено – поправната установа. Жалбата на осудениот Б.К. е одбиена со Решение КС-КР.бр.923/26 од 10.0.2026 година на кривичниот совет при овој суд и решението на судијата за извршување на санкции е потврдено – објаснуваат од Кривичен.
Но, Красниќи иако му го одбиле барањето не се вратил во „Идризово“, за што судот добил известување на 10 јули 2026 година, од директорот на затворот Зоран Јовановски. Судот издал наредба за негово приведување, како и потерница доколку се утврди дека се крие или е во бегство.
Бесим Красниќи, заедно со уште тројца, беше уапсен на 5 мај 2024 година во Феризај (Урошевац) на Косово, а меѓу уапсените тогаш бил и Агим Красниќи. Тој неофицијално ја доиздржал казната затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кондовецот Бесим Красниќи излегол од затвор за…
Кондовецот Бесим Красниќи го пуштиле од затвор…
Хорор во прилепско: Маж пронајден мртов со…
68-годишен маж од прилепското село Беровци е…
Што значи прогласување епидемија
Прогласувањето епидемија на Западно-нилска треска во одредено…
Водата во Скопје е безбедна за пиење,…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро…
(Видео) Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е чиста,…
Ешерихија коли или било која друга бактерија…