Конечно Кевин Мекарти избран за шеф на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес
Републиканецот Кевин Мекарти конечно беше избран за претседател на Претставничкиот дом на САД. Од дадените 428 гласови, Мекарти доби 216, а демократот Хаким Џефрис 212.
Американскиот претседател Џо Бајден, кој инаку е демократ, му честиташе на републиканскиот претседател на Конгресот. Републиканците ветија дека ќе започнат истраги за Бајден, неговата администрација и работите на неговото семејство, пишува Би-Би-Си.
„Американскиот народ очекува нивните лидери да владеат на начин што ги става нивните потреби над сè друго, и тоа е она што ние мора да го направиме сега“, рече Бајден во изјавата.
По конечните избори за претседател, Мекарти му порача на демократскиот лидер Хаким Џефрис дека нивните политички разлики можеби се страсни, но никогаш нема да бидат лични.
„Татко ми секогаш ми велеше дека не е важно како ќе почнеш, туку како ќе завршиш. И сега мораме да завршиме силно за американскиот народ“, рече Мекарти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…
Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…