Конечно откриено: Зошто Путин никогаш не зборува за неговите деца?
Рускиот претседател Владимир Путин речиси никогаш не зборува за својот приватен живот, а сега на интернет почна да се шири интервју од 2020 година во кое тој ја објаснил позадината на својот избор да не изнесува детали за своето семејство.
Иако за неговите вонбрачни врски и деца со години се зборува, Путин официјално има две ќерки – Катерина Владимировна Тихонова (35) и Марија Владимировна Воронцова (36), кои ги доби со првата сопруга Људмила Путин.
Путин во интервјуто изјавил дека сака да го заштити семејството од можните безбедносни проблеми, а истото го кажал и во 2015 година.
„Никогаш не разговарам за прашања поврзани со моето семејство. Тие не се занимаваат со бизнис или со политика. На овој начин ги избегнувам можните политички притисоци што би се вршеле врз нив“, рекол тогаш Путин, а своевремено се пофалил дека станал дедо и дека сака да поминува време со внуците.
Тој, исто така, ги пофалил вештините на своите ќерки, кои зборуваат три европски јазици, а едната зборува јапонски. И двете ќерки беа се најдоа под санкции на САД по инвазијата на Украина.
Како и неговите блиски соработници, банкарските сметки на Марија и Катерина се блокирани и целиот имот во Америка е конфискуван. Во последно време сѐ почесто се споменуваат љубовниците на Путин, меѓу кои се Алина Кабаева (олимписка гимнастичарка, со која наводно има деца) и Светлана Кривоногих, поранешна хигиеничарка која сега е сопственичка на банка и милионерка.
Во 2003 година, Светлана ја роди Луиза Розова, за која се зборува дека е ќерка на Путин. По руската инвазија на Украина, Луиза доби бројни грди коментари на својот инстаграм-профил.
На социјалната мрежа ја следеле 84.000 луѓе, но во последните месеци, пред да го избрише профилот, ретко објавувала јавно на Инстаграм, па многумина се посомневале дека Путин ѝ забранил да биде активна.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данец со камера скриена во пенкало, снимал…
Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и…
Оставиле деца заклучени во автомобили: На родителите…
Пожарникари вчера спасија две деца од заклучени…
Ужас: Во Германија на секои половина час…
Во Германија на секои половина час дете…
Две петгодишни деца избегале од градинка, за…
Две петгодишни момчиња денеска избегаа од градинка…
СРАМОТА! Родители се тепаат на детски фудбалски…
Голем скандал се случи денес на натпревар…