Конор Мек Грегор: Хабиб Нурмагомедов е терорист со сериозни долгови
Конор Мек Грегор ги нападна Хабиб Нурмагомедов и Дастин Пориер.
Ирската ѕвезда ги нападна со низа објави, кои подоцна ги избриша. Пореир изјави дека ги објавил на продажба шорцевите од последната борба со Ислам Махачев. На почетокот на јуни двајцата се бореа во Њу Џерси, каде што Махачев го задуши и ја одбрани титулата во лесна категорија.
Пориер рече дека последната понуда за шорцевите пропаднала, а Хабиб изразил желба да ги купи. Се разбира, сето тоа беше за добротворни цели, но Мек Грегор не верува во тоа. Банкарските сметки на Хабиб во моментов се замрзнати во Русија бидејќи не платил данок во вредност од 3 милиони долари.
Неодамна салата на Хабиб во Дагестан беше под опсревација на властите затоа што таму тренирал еден од терористите во бомбашките напади во Махачкала. Околу Нурмагомедов се собраа многу негативности, а Мек Грегор не пропушта шанса да го подбере.
Конор загуби од Хабиб како и од Пориер.
„Изманиници. Ги купува неговите шорцеви во кои се предаде во најважната борба во кариерата. Скрешни измамници. Хабиб е терорист со сериозни долгови кон сопствената земја која го протера. Не можете да ги измислувате овие работи. Дастин е кретен и задник. Неговата основа е измама. будала и задник. Неговата фондација е измама“, напиша Конор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Подготвени сме за војна, но не…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија…
(Фото) Сè повеќе држави советуваат домашни резерви…
Влади низ светот ги советуваат граѓаните да…
Естонија планира 150 бункери во пограничниот регион…
Естонија планира изградба на околу 150 бункери…
Британците купуваат повеќе вода и тоалетна хартија:…
Продажбата на тоалетна хартија, флаширана вода и…
(Фото) Над старата касарна во Битола откриени…
Дирекцијата за заштита и спасување денес во…