Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета, додека по одделен инцидент во фаза на потонување е и товарниот брод „Cape Dao“, објавија денеска извори од поморската безбедност.
Бродот „GFS Pride“,со капацитет од 2.824 TEU, а пловеше под знамето на Сингапур, потона откако беше погоден од ракета, соопштија извори, објавија британските медиуми.
Компанијата „GFS Ship Management FZE“ од Обединетите Арапски Емирати, која управува со бродот, не беше достапна за коментар.
Во одделен инцидент, бродот „Cape Dao“ со знаме на Антигва и Барбуда е во фаза на тонење во близина на теснината откако беше погоден од ракета на 23 септември, додадоа изворите.
Компанијата „Peonies Shipmanagement FZE“, со седиште во ОАЕ, која управува со бродот, не беше достапна за коментар.
Британската агенција за поморска трговија (UKMTO) претходно денеска соопшти дека два комерцијални брода биле погодени од „непознати ракети“ во одделни инциденти во Ормуската Теснина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Казино во Кичево крадело струја со уред…
Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени…
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…
Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…
Египет стави исламско здружение од Македонија на…
Македонско исламско здружение се најде на списокот…