Контрапротести на приврзаници на Вучиќ се најавени и за денеска во „100 српски градови“
Власта на српскиот претседател Александар Вучиќ и денеска организира контрапротести кои ги најави во „100 градови“. Како што е најавено, приврзаниците на владејачката Српска напредна партија „кои се против блокадите“ мирно ќе протестираат бидејќи „сакаат да се врати нормалниот живот во државата“, обвинувајќи ги студентите и граѓаните кои протестираат против власта дека тоа го оневозможуваат веќе десет месеци.
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе биде со граѓаните на тој собир организиран од граѓаните против блокадите.
-Ќе учествувам… Таму нема да има полиција. И никој нема да ги нападне, изјави вчера Вучиќ.
Овие мирни собири, како што рече лидерот на СНС, поранешен премиер и актуелен „советник за регионални прашања“ на Вучиќ, Милош Вучевиќ, се „одговор на граѓаните на Србија на тоа што се случувало во изминатите месеци“.
Секојдневните собири на приврзаниците на Вучиќ почнаа пред две недели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…