Контра-протести и во Косово: Најавен собир на албанското население, полицијата повикува на смиреност
Низ социјалните мрежи од вчера кружат соопштенија во кои се повикуваат граѓаните на Косово да учествуваат на масовен протест денеска во 12 часот во Јужна Митровица. Косовската полиција соопшти дека е свесна за тоа и ги повика граѓаните да ја игнорираат поканата за учество на протестот „Марш кон север“.
Како што се наведува во соопштението, косовската полиција ги повикува граѓаните да останат смирени и да не наседнуваат на какво било наводно организирање од непознати лица, туку да остават на безбедносните институции професионално да се справат со ситуацијата.
„Сакаме да појасниме дека по проценките на безбедносните институции се покажа дека многу од овие профили се сомнителни и дека објавите може да бидат злонамерни, на штета на граѓаните и интересите на Косово. На граѓаните им гарантираме дека институциите на Косово воопшто, а особено косовската полиција се целосно способни и посветени да гарантираат безбедност, ред и мир за сите граѓани без разлика. Многу ја цениме соработката и поддршката на граѓаните на Република Косово за одржување на мирот и стабилноста во земјата“, се вели на крајот во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…