Објавено на:

Контрола во Велес, приведени осум лица, пронајдени марихуана, екстази…

t

На 15-16.07.2023 во периодот од 19.00 до 02.10 часот на место викано „Долна Бабуна“ во Велес, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Отсек за недозволена трговија при МВР и полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода осум лица затоа што кај нив биле пронајдени и одземени повеќе видови дрога. 

На наведеното место била извршена контрола на лица и возила кои присуствуваат и кои доаѓаат на забава. Притоа, во 21.00 часот од слобода биле лишени Ѓ.Л.(43) Р.Г.(53) од Велес зато ашто кај нив била пронајден марихуана. Во 00.30 часот од слобода биле лишени Д.С.(27) од Велес и Ф.М.(32) од Скопје бидејќи кај Д.С. била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај Ф.М. била пронајдена таблета екстази). Во 01.40 часот од слобода биле лишени Л.С.(43) од Скопје, Е.Р.(31) од Скопје и А.Ц.(41) од Прилел, затоа што кај Л.С. била пронајдена марихуана, а кај Е.Р. била пронајдена бела прашкаста материја,  додека пак А.Ц. била затекната во истото возило со Е.Р..   Исто така, во 02.10 часот од слобода бил лишен С.С.(22) затоа што при преглед во возилото кое го управувал била пронајдена таблета. 

Лицата биле задржани во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Вардар во Велес најдено тело на…

Во реката Вардар во близина на место…

Помалку познати факти за Гемиџиите од Апасиев…

ЗА ГОДИШНИНАТА ОД СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ НА ГЕМИЏИИТЕ…

Станала директорка со лажен сертификат за познавање…

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање…

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра…

Инвестициите во инфраструктурата се од клучно значење…

Пронајдена марихуана кај девојче во средно училиште…

Осумнаесетгодишно девојче било приведено откако кај нејзе…