Контролите за водата открија и небезбедна храна: АХВ изрече 30 казни и 12 забрани во Гостивар
Неспроведени мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, непочитување на обврската за задолжителни здравствени прегледи на вработените, како и нерегистрирани оператори со храна, се дел од недоследностите утврдени при 70 вонредни инспекциски надзори во Гостиварско.
„Во однос на утврдените недоследности – неспроведени мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација (5 оператори), неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените кај 18 оператори, затекнати се и 11 правни лица кои не се регистрирани како оператори со храна во АХВ, за што покрај парична казна изречена им е и времена забрана за вршење на дејноста до регистрирање.“ велат од АХВ.
При контролите, двајца оператори биле затекнати како пуштаат во промет небезбедна храна, во количина од 18 килограми. Станува збор за виршли, кисело млеко, јогурт, слајс салами и путер, кои, како што информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), се нештетно уништени.
„За констатираните недоследности покрај наложеното спроведување на задолжителни здравствени прегледи за вработените лица кај операторите со храна, забрани за вршење на дејност (12), опомена и наредби за отстранување на недоследностите со контролите, изречени се и 30 парични казни во вкупна висина од 7.750 евра во денарска противвредност.“
Инспекциските служби на АХВ во вторникот во Гостиварско спровеле 70 вонредни надзори, при што биле опфатени оператори од повеќе области – промет, кафе-барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук, како и други оператори со храна.
Акцентот на контролите бил ставен на утврдување дали операторите од регионот ја почитуваат донесената забрана на АХВ за употреба на водата од гостиварскиот водоснабдителен систем.
Од АХВ информираат дека кај операторите не се утврдени отстапки во овој дел.
„За послужување и за миење на садовите, работните површини и опремата, забраната се почитувала и се користела пакувана вода и безбедна вода во спроведувањето на работните процеси.“
За послужување на гостите во угостителските објекти, пак, било утврдено дека се употребуваат пластични и хартиени чаши и прибор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…
Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…
Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…
Мицкоски за буџетите на судството и обвинителството…
Владата не може да ги обезбеди законски…
КАН: Израелскиот кабинет ѝ наложил на армијата…
Израелскиот политичко-безбедносен кабинет ѝ наложил на армијата…