Контролори од УЈП примале часовници и очила за да не го казнуваат „Пулс“, првообвинет братот на претседателката на Кривичниот суд, Драган Паунов
Обвинение за даночни контролори и инспектори од УЈП, меѓу кои и Драган Паунов, братот на претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска, газдата на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов Деко и неговиот син Михајло, како и вработена во Државниот пазарен инспекторат поднесе кочанското обвинителство.
Обвинетите се гонат за поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување, во врска со контролите на УЈП во дискотеката “Пулс” во Кочани и во други поврзани фирми. Двајца даночни контролори се гонат дека побарале и добиле очила и рачен часовник за да го информираат Михајло Јованов за ненајавени вонредни контроли на УЈП.
„Иако биле свесни дека согласно закон не смеат да оддаваат информации кои ги осознале во врска со даночна постапка, првиот обвинет сепак го информирал третиот обвинет преку вибер пораки за дејствијата на УЈП и МВР во врска со наведените фирми.“
Тие се гонат и дека на 6 март 2024 година кога била извршена контрола на фирмата во која одговорен бил Михајло Јованов и покрај тоа што утврдиле даночни неправилности и нерегистриран промет тоа не го внеле во записник. Со тоа му нанеле штета на буџетот од 98.400 денари или 1600 евра кои би требало да се наплатат како казна.
Другите даночни контролори од УЈП и вработената во Државниот пазарен инспекторат се гонат дека исто така откривале информации кога акциските контроли ќе се реализираат во фирмите чиј реален сопственик бил Дејан Јованов Деко, кој е шестообвинет.
„Обвинетите контролори и инспектори од УЈП вршеле даночни контроли кај правни субјекти во кои како реален сопственик се јавува шестиот обвинет, татко на лицето претходно обвинет за давање поткуп. Меѓутоа, констатираните неправилности не ги евидентирале и фалсификувале извештаи за извршените надзори. Со тоа на фирмите не им се наплаќале законски предвидените глоби. Во дејствијата на злоупотреба им помогнал и самиот реален сопственик, кој е шести обвинет во случајов, велат од Обвинителството.
За тројца е поднесен обвинителен акт кој се поднесува во редовна постапка, а за 6 обвинителен предлог кој се поднесува во скратена постапка. Додека пак за двајца претходно осомничени е запрена постапката поради застареност, додека за двајца истрагата покажала дека не го прекршиле законот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Контролори од УЈП примале часовници и очила…
Обвинение за даночни контролори и инспектори од…
До 16 часот гласале 55,7 отсто од…
Излезноста на парламентарните избори во Израел до…
Приведено лице осомничено за двете убиства во…
Едно лице осомничено за двете убиства во…
Хезболах се подготвува за нов судир: Иран…
Либанскиот Хезболах ја искористил паузата во големите…
НЕОФИЦИЈАЛНО ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЛОЗОВО, АЛЕКСАНДАР…
Дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија СДСМ во…