Објавено на:

„Конфликтен парадокс“: Украинските тенкови се напојуваат со руска нафта

t

Откако новинари на германскиот весник „Ханделзблат“ стигнале до податоци на украинската царина, медиумот објави дека во Украина се повеќе се увезува дизел гориво од Унгарија и Турција, односно од оние земји кои користат руска нафта во своите рафинерии.

На пример, унгарската национална компанија за нафта и гас „МОЛ“, која добива значителен обем на суровини од Руската Федерација, ја удвоила продажбата на гориво во Украина во последните шест месеци. Компанијата има специјална дозвола од ЕУ да продолжи да ги снабдува своите рафинерии со руска нафта.

Истата дозвола ја добија и Чешката Република и Словачка. А, за да се даде приближен волумен: минатата година, 95% од целата нафта што дошла во сопственост на словачкаѕа фирма-ќерка на „МОЛ“ – „Словнафт“, била руска.

Но, како што пишува германскиот весник, Бугарија, Полска и Романија, исто така се вклучени во испораките. Во написот се додава дека тоа се само оние земји за кои со сигурност се знае дека испорачуваат гориво во Украина.

Така на пример, во февруари се покажало дека извозот на гориво од Романија во Украина во 2022 година се зголемил за рекордни 30 пати. Во исто време, плановите на добавувачите вклучуваат зголемување на испораките и оваа година, како што велат „целосно земајќи го предвид ембаргото на ЕУ за морски испораки на руска нафта и нафтени производи“.

На тој начин, излегува дека Украина, иако целосно зависна од увозот на гориво, практично не доживува негов недостиг. Покрај тоа, некои европски рафинерии се всушност подружници на руски нафтени компании.

Како што заклучува весникот, ова покажува дека бизнисот е бизнис, а претпријатијата продолжуваат да заработуваат пари од снабдувањето во зоната на конфликтот, додека европските земји, кои ги напуштија руските енергетски превозници, продолжуваат да ги купуваат користејќи различни шеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада воведува нови царини за американските производи

Канада од 8 септември ќе воведе царини…

Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во…

Центарот за управување со кризи известува дека…

Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…

Царинските управи на Македонија и Косово во…

Американски воен транспортен авион слета во Москва,…

Американски воен транспортен авион утрово слетал на…

15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…

Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…