КОНФЛИКТ ВО НАТО Алијансата: Британците се бесни поради последната одлука на Макрон!
Францускиот претседател наводно има намера да стави вето.
Емануел Макрон го навлече гневот на британските пратеници откако се покажа дека планира да го блокира назначувањето на Бен Валас за генерален секретар на НАТО.
Францускиот претседател наводно има намера да стави вето на назначувањето на кој било британски или турски кандидат за функцијата генерален секретар на алијансата.
– Англофобијата на Макрон е разочарувачка, но барем тој е доследен – изјави британскиот конзервативен пратеник Ендрју Бриџен. Друг пратеник на истата партија истакна дека позицијата на Париз го става британскиот премиер Риши Сунак, кој го нарече Макрон пријател, во непријатна ситуација. Валас сега е британски министер за одбрана.
“Њујорк тајмс“ објави дека кандидати за функцијата генерален секретар на НАТО – покрај Валас – се и канадската вицепремиерка и министерка за финансии Кристиа Фриланд, естонската премиерка Каја Калас, словачката претседателка Зузана Чапутова и поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ. .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…
„Не беше трагедија, не беше несреќа, туку…
На комеморативниот собир во Нови Сад, по…
Бојко Борисов: Како граѓанин го поддржувам Ѓуров
„Граѓанинот Ѓуров побара јавно од сите граѓани…
До 15 часот во Брвеница гласале 40,49…
Вкупно 6.579 избирачи, односно 40,49 отсто од…
(Видео) Полицаец се запали среде протести во…
Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…