Коректорите повторно на маса со грешката

t

Во вториот круг од локалните избори, кандидатот за градоначалник на Центар од ЗНАМ и Мирослав Лабудовиќ ќе ја има поддршката и од коалицискиот партнер во власта – ВРЕДИ.

Вечерва, со средба со локалните жители од Кале и Дуќанџик таквата поддршка е официјализирана.

На средбата на која покрај Лабудовиќ присуствуваше и новоизбраниот градоначалник на Чаир и еден од лидерите на ВРЕДИ Изет Меџити со жителите од овие маала кои во најголем дел се со албанска етничка припадност, како и генералниот секретар на ЗНАМ Горан Минчев, Меџити ги повика жителите од овие населени места на 2 ноември кога ќе се гласа во вториот круг, да му се даде максимална поддршка на кандидатот за
градоначалник од Движењето ЗНАМ, поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ Мирослав Лабудовиќ.

Затоа што само на тој начин, може да се надеваат на брзо, ефикасно и целосно решавање на нивните комунални проблеми, кои во претходните неколку години во мандатот на Горан Герасимовски воопшто не беа надминати.

Станува збор за подобрување на основните услови за живеење и подигнување на едно ново ниво погоре во нивното секојдневние – работи кои веќе се предвидени во програмата на Мирослав Лабудовиќ.

Ова е втора ваква пружена рака меѓу партнерите во власта – ЗНАМ и ВРЕДИ, по вчерашното официјализирање на поддршката и за Куманово во вториот круг за кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски. Партнерската соработка на централно ниво – која успешно функционира веќе година и половина, се пресликува и на локално – за доброто на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени возачи од Холандија и Србија на…

Од МВР информираат дека се уапсени двајца…

Мртвиот гавран најден во Ресен, во паркот…

Агенцијата за храна и ветеринарство потврди присуство…

Почина уште еден заболен од западно-нилска треска

Нов смртен случај од западно-нилска треска, со…

Дурмиши: 7 милиони денари поддршка за компаниите…

Министерството за економија и труд објави два…

Политико: Ретклиф ја посети Москва за да…

Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, ја искористи…