„КОРИСТАТ CHATGPT ЗА ДА НАПИШАТ ЕСЕЈ И НЕМА НИШТО ЛОШО ВО ТОА“: Јаневска за ВИ во образованието

t

Министерката за образование, Весна Јаневска вели дека Вештачката интелигенција мора да биде внесена во образовниот систем, пред се за учениците да знаат како правилно да ја користат.

„Бев критикувана зошто ја споменувам Вештачката интелигенција во училиштата. Ние сме земја на контрадикторности – додека на едно место ни се руши кров од училиштето и ние бараме начин да го поправиме, од друго велиме „да, мора да влезе Вештачката интелигенција во училиштата“, првенствено затоа што децата веќе ја користат. Најголем број од децата во средно училиште имаат повеќе дигитални вештини од некои наставници, и тие си користат ChatGPT за да си напишат есеј. Нема ништо лошо во тоа. Но, со ова што го преземавме како образовен систем за да некако ја внесеме ВИ во училиштата, прво сакаме да ги заштитиме од негативностите за кои можеби се и ли не се свесни и да ги научиме правилно да ја користат. Многу ќе им помогне и на наставниците и на родителите и на учениците ако знаат да ја користат“, рече Јаневска во интервју на Телма.

Вели, во Германија, Италија и Шпанија имаат 900 часа повеќе од нашите деца.

„Било тешко да се учи. Не, не е тешко да се учи, основна работа е да се учи. Мора да побегнеме од фамата дека нашите деца многу учат и им е многу тешко. Ниту многу учат, ниту им е многу тешко“, вели Јаневска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Шпанија повеќе од 5.000 смртни случаи…

Повеќе од 5.000 смртни случаи поврзани со…

Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…

Сите учесници во инцидентот во скопската населба…

Осуденик кого Македонија го бара со потерница…

Симеон Михаилов, осуден за обид за убиство…

Америка ќе распоредува ракети во Јапонија —…

Русија денеска ги осуди претстојните заеднички воени…

Пронајден починат 39-годишен струмичанец во дворот на…

Тело на 39-годишник од Струмица е пронајдено…