Коронавирусот најсмртоносен за Словените – Познатиот геополитички аналитичар тврди дека Русите имаат докази за лабараториското потекло на вирусот

t

Пепе Ескобар е познат бразилски новинар и геополитички аналитичар. Неговата колумна „The Roving Eye“ за Asia Times редовно дискутира за мултинационалниот „натпревар за доминација над Блискиот Исток и Централна Азија“.

The State Department’s Global Engagement Center (ГЕЦ) идентификуваше и посочи неколку медиуми кои објавуваат или реобјавуваат текстови на Ескобар како злоупотребени од Русија за пропаганда и дезинформации.

Пепе Ескобар на својот Твитер профил тврди дека коронавирусот бил дел од програмата за биолошко оружје на САД специфично развиено да ја таргетира ДНК-та на „нациите од интерес“.

-Коронавирусот e дел од програмата за биооружје финансирана од Пентагон во Украина.

И не заборавајте дека специјалното оружје за ДНК е развиено против „нациите од интерес“.

Ова е само почетокот, пишува Ескобар на Твитер.

Претходно руското министерство за одбрана објави дека проектот за патогено испитување на лилјаци предводен од САД во Грузија и Украина започнал во октомври 2019 година, во пресрет на пандемијата на коронавирус.

Министерството за одбрана на Русија обвини дека преку биолабараториите во Украина, САД се стекнале со илјадници примероци на словенска ДНК која преку специјални летови била испраќана ширум лабаратории низ западниот свет, во Германија и САД, што натаму се случувало со овие примероци никој не може со сигурност да потврди.

Колку за пример ACE-2 рецепторот за кој се врзува коронавирусот е различен кај различни популации со различен генетски материјал, a поприсутен и со различен израз кај некои раси и народи.

-Истражувањата покажаа дека ангиотензин-конвертирачкиот ензим 2 (ACE2) делува како влезен рецептор за коронавирусот . Интеракцијата помеѓу SARS-S и ACE2 е веќе детално објаснета на молекуларно ниво, сугерирајќи го ACE2 како клучна детерминанта на преносот на SARS-CoV. Откриено е дека човечкиот рекомбинантен растворлив ACE2 рецептор (hrsACE2) го инхибира растот на SARS-CoV-2 и ги прекинува раните фази на инфекции . Променливата подложност на инфекцијата SARS-CoV-2 може да биде поврзана со одредени геномски варијанти во рамките на ACE2, кои ја модулираат неговата функција или изразување. Помеѓу сите вообичаени егзонични варијанти, некои неодамнешни студии направени на ACE2 варијанти објавија разлики во фреквенцијата заснована на популација за една единствена нуклеотидна варијанта (SNV) rs2285666 (исто така наречена G8790A) (Asselta et al., 2020; Cao et al., 2020; Страфела и сор., 2020). Оваа варијанта на ACE2 е значително различна за Европејците (0,2), од источните Азијци (0,55) (Asselta et al., 2020; Cao et al., 2020), пишува во научната студија објавена од група научници од Индија.

Она што е уште поморничаво е листата на држави по број на починати на милион жители во светот. Од 10-те држави со најголема смртност на милион жители, дури 9 се припадници на словенската група на народи или делат огромен број гени со словенските народи и се држави од Источна Европа.

Доколку одиме малку подалеку од 30 држави во светот со најголема смртност на милион жители од коронавирус во светот дури 19 држави се од Источна Европа и со голема словенска популација!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски почна да ја сузбива корупцијата за…

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го одобри новиот…

Кинезите развија супериорна технологија, лансираа ракета на…

Ракетата ZK-2 I3, развиена од кинеската приватна…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Тргната забраната на Х (Твитер) за Алекс…

Десничарската личност стана последниот егзил на кој…

Драма во Гостивар: Го удрил со кола,…

МВР соопшти дека вчера (9.12.2023) во 13…