Короната е тука – еве колку заразени имало во последните седум дена, има и починати пациенти
Министерството за здравство престана со медиумите да споделува податоци за новозаразени со ковид-19 и за починати лица од болеста, а на интернет страницата на Институтот за јавно здравје може да се најдат неделни податоци за состојбата со заразната болест.
Во периодот од 14 до 20 ноември од ковид-19 починале седум лица, три во Скопје и по еден смртен исход во Крушево, Ресен, Дебар и Македонска Каменица. Во лабораториски услови се потврдени 179 нови случаи на болеста од 2.829 тестирања. Но, пристигнале и грипот и разни вирози.
Најголемиот број од новите ковид случаи – 120 се во Скопје. Од почетокот на епидемијата со ковид-19 во Македонија починале 9.588 лица.
Од Комисијата за заразни болести велат дека состојбата со ковид е смирена, дека на дневно ниво има по околу триесет лабораториски потврдени позитивни случаи на ковид-19, а дека во болнички услови се лекуваат дваесетина пациенти.
Во Македонија е регистрирано и присуство на грипот. Според последните неделни анализи на Институтот за јавно здравје, пријавени се 15 случаи на грип, односно на заболувања слични на грипот, а во текот на есенва 93 случаи. Во лабораториски услови е потврден еден случај од типот A(H3).
Кај матичните лекари во изминатите месец дена има зголемен број на пациенти кои се жалат на респираторни проблеми – температура, болки во грлото и градите, кивање, кашлање. Проблем е, велат, што не можат со сигурност да кажат дали се работи за корона, грип или некој вид на вироза, бидејќи повеќето пациенти не се тестираат на ковид-19 иако има слободни термини за закажување. Терапијата за сите пациенти кои немаат потешки симптоми е слична и се избегнува давање на антибиотици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…
(Видео) Иран откри нов подземен „град на…
Иранската револуционерна гарда претстави нов подземен воен…
Норвешка издвојува нови средства за Амазонија по…
Норвешка најави 600 милиони норвешки круни за…
Француски експерти бараат построги правила за вештачката…
Француска експертска комисија предложи посилна контрола врз…