Коруптивно-криминалниот систем во Србија ќе се урне како кула од карти – порачува Дејан Шошкиќ
Дејан Шошкиќ, кандидат за пратеник од Студентската листа, поранешен гувернер на Народната банка на Србија и еден од оние што се спомнуваат како можен премиер на новата влада, очекува коруптивно-криминалниот систем навлезен во државата да се урне како кула од карти. Во интервју за Фонет, тој повика на законско постапување и смирување на тензиите.
„Време е за процедура, за почитување на законите, за смирување на тензиите“, рече Шошкиќ.
Наводите за уништување документација во институциите ги оцени како алармантни, но и како показател за паника. Ги повика вработените да одбијат незаконски наредби.
За постапувањето на обвинителството по изборите, Шошкиќ рече дека професионалците треба да добијат простор да работат, а дека ќе има време да се испита и нивното претходно однесување.
Во однос на Експо, побара проверка на безбедноста на изградените објекти, објавување на договорите и испитување евентуална кривична одговорност.
Шошкиќ предупреди и дека многу информации на социјалните мрежи биле преувеличени и повика да не се поттикнуваат неосновани стравувања.
Денеска во Србија беа уапсени началникот на Управата на криминалистичката полиција Марко Кричак и началникот на Службата за сузбивање криминал Бошко Секуловиќ, осомничени за злоупотреба на службената положба во случајот „Сењак“, а Кричак и за злоставување и мачење. Обвинителството тврди дека апсењата не се поврзани со изборните резултати и дека предистражните дејства почнале во мај.
Претходно, на 30 октомври, Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта банка и го пренесе управувањето на Агенцијата за осигурување депозити. Обвинителството за организиран криминал побара итна проверка на работењето на банката и на евентуалните одливи на пари во странство, како и на постапувањето на одговорни лица во централната банка.
Извор: 360stepeni.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПУКАЊЕ ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО КРАГУЕВАЦ!
Во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, ученик…
Претседателските избори во Србија ќе бидат закажани…
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани…
Студентската листа: Блиску сме до договор за…
Студентската листа е блиску до решение за…
Српскиот парламент денеска конечно треба да добие…
Пратениците во Народното собрание на Србија ја…
Уапсени четири лица за детска порнографија во…
Во акција на полицијата на Република Српска,…