Коcово вовeдува pecтрикции за елeктрична енeргија во траење од 60 дена
Владата во Приштина одлучи да воведе рестрикции за електрична енергија во траење од најмногу 60 дена.
Мерката предвидува ограничувања за снабдување на потрошувачите со електрична енергија и наметнување посебни обврски за енергетските компании, објавија косовските медиуми.
Собранието на Косово ќе ја донесе конечната одлука за енергетската вонредна состојба, а таа одлука може да се однесува на дополнително продолжување на периодот на ограничување за уште 30 дена.
Одлучено е и итно да се формира техничка комисија при Министерството за економија со цел утврдување и доставување препораки до министерот за економија, јави Танјуг.
Косовската влада како причина за овие мерки ги наведе тешкотиите во енергетскиот сектор. Курти не очекува наскоро да се реши ситуацијата со струјата
Курти денеска изјави дека не можелепорано да купат струја и да ја избегнат енергетската криза бидејќи струјата не е, како што рече, роба што може да се чува во фрижидер. Тој додаде дека сите во регионот увезуваат струја.
Курти истакна дека не се очекува наскоро да се реши и стабилизира состојбата со струјата.
„Енергетската криза не е само во Косово, ја има низ цела Европа, туку и кај нас како сиромашно население, се обидуваме да ја ублажиме оваа состојба со субвенционирање на потрошувачката од една страна и регулирање „Блок Б2“. Оваа состојба нема да може брзо да заврши, бидејќи деновиве основниот товар е 900 мегавати, додека максималната потрошувачка достигнува 1,4 гигавати, додека целиот производствен капацитет, а доколку проработи „Блокот Б2“, не би можел да надмине 900 мегавати“, рече Курти, пренесува Косово онлајн.
Тој повтори дека цената на струјата што се увезува во Косово е многу висока.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…
Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…
Ужас во Тузла: 15-годишна ученичка со нож…
Во основно училиште во Тузла, утрово 15-годишно…
Дали поранешен советник на Заев е вмешан…
Името на Виктор Петрушевски, поранешен советник на експремиерот…
Курти: Секој километар пат што нè зближува…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…