Косово ги менува правилата за влез во земјата

t

Косовскиот меѓуресорски Комитет за здравство одлучи денеска да ѝ предложи на Владата нови, олеснети мерки, за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, со кои, меѓу другото, се укинува обврската за странските граѓани при влез во Косово да приложат доказ за примени три дози вакцини или две дози вакцини плус негативен РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Со новиот предлог, кој се очекува Владата на Албин Курти да го усвои утре, а кој би стапил во сила в сабота, на 5 февруари, се враќа претходната обврска за приложување доказ за примени две анти-ковид вакцини. Влезот во земјата е дозволен и за лицата кои имаат примено една вакцини, со тоа што треба да приложат и негативен РТ-ПЦР тест.

Новите мерки, со кои се ублажуваат оние од пред две недели, ги презентира министерот за здравство, Рифат Љатифи, кој информира дека од сабота се скратува полицискиот час, односно движењето на граѓаните е дозволено, наместо од 22, од 24 до пет часот наутро. Исто така се продолжува и работното време на угостителските објекти, наместо до 21.30 , до 23 часот.

Се предлага и укинување на обврската за носење заштитна маска на отворено, како и отворање на фитнес-клубовите.

Одлуката да се ублажат мерките, според претставници на Министерството за здравство, е донесена откако последните денови опадна процентот на заразени споредено со бројот на тестирани (од преку 25 пред десетина дена на околу 20 отсто деновививе), но и по наглото зголемување на бројот на лица кои ја совладале болеста. Така, на пример, минатото деноноќие се регистрирани 2.110 новозаболени и 3.772 излекувани, а бројката на активни случаи изнесува 30.781.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Косово е уапсен еден од најголемите…

Уапсен е Гезим Чела, еден од најголемите…

Хил: На маса не е признавање на…

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил во…

Орбан: Ќе стоиме со Србија ако ЕУ…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

Што се случува?! Три жени исчезнаа на…

Три жени биле пријавени за исчезнати во…

Се препукуваат рускиот и американскиот амбасадор во…

Амбасадорот на Руската Федерација во Србија Александар…