Косово го слави Денот на независноста

t

Република Косово, со низа активности и свечености, денеска ја одбележува 14-тата годишнина од прогласувањето на својата независност, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според државната агенда, активностите за одбележување на овој државен празник ќе започнат утрово во 8 часот со кревање на косовското знаме во дворот на Владата, а на церемонијата ќе присуствуваат претседателката на држаавата, Вјоса Османи, претседателот на републичкото Собрание, Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти.

Челниците на државните институции, традиционално, ќе оддадат почести и ќе положат цвеќиња во Меморијалниот центар на основачот на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Адем Јашари и кај гробовите на првиот претседател на независно Косово, Ибрахим Ругова и на истакнатиот борец за независно Косово, Адем Демачи. Предвидени се чествувања и кај спомениците на други водачи и борци на ОВК и разни други свечености во речиси сите градови во државата.

По двегодишна пауза, предизвикана од пандемијата на ковид-19, денеска на пладне во центарот на косовската престолнина ќе се одржи традиционалната парада на припадниците на Безбедносните сили на Косово (ФСК) и на косовската полиција.

Денот на независноста, меѓу другото, ќе биде одбележан и со промоција на монографијата „78 дена бомбардирања на НАТО“, со свечен концерт на Филхармонијата на Косово и со заеднички концерт на државните фолклорни ансамбли на Косово и Албанија.

На 17 февруари 2008 година косовското Собрание ја прогласи независноста на Република Косово, која оттогаш е признаена од над сто држави во светот. Тогашната македонска Влада ја призна независноста на Косово во октомври истата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…