Косово добива 75 милиони евра од ЕУ како дел од пакетот за енергетска поддршкa
Шефот на Канцеларијата на Европската унија (ЕУ) во Косово Томаш Сунјог најави дека Косово ќе добие 75 милиони евра од ЕУ како дел од Пакетот за енергетска поддршка.
Тој изјави дека разговарал со претставниците на Секретаријатот на Енергетската заедница за усогласување на Косово со правното законодавство на Енергетската заедница.
Сунјог на платформата Икс напиша дека Планот за раст дава дополнителен поттик за забрзување на реформите и обезбедува финансиски средства за важни проекти.
„Нагласивме дека зелената транзиција, интеграцијата и декарбонизацијата на енергетскиот сектор се составен дел од реформската агенда на Косово, разговаравме и за најновите случувања во енергетскиот сектор“, напиша Сунјог, објави Коссев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…