Косово е блиску до полноправно членство во Советот на Европа, вели Хауел
Претставникот на Велика Британија во Советот на Европа Џон Хауел изјави дека Косово е многу блиску до полноправно членство на таа организација и дека е потребно да се лобира оние земји кои се порезервирани по ова прашање, пренесува Газета експрес.
Хауел вели дека Велика Британија силно го поддржала Косово да стане дел од Советот на Европа.
„Повеќе од 30 земји гласаа и го поддржуваат барањето на Косово за членство во Советот на Европа. Мислам дека Косово за кратко време ќе стане полноправна членка на Советот на Европа. Јас сум голем оптимист за ова прашање. Треба да знаете дека Обединетото Кралство силно го поддржува Косово на овој важен пат Сега останува на Косово да го направи својот дел, да лобира оние земји кои се порезервирани по ова прашање“, рече Хауел.
Хауел вели дека Србија мора да ги почитува постигнатите договори со Косово.
„Србија мора да ги почитува договорите и да не го спречува Косово да влезе во Советот на Европа. Во оваа ситуација тоа не само што би имало корист за Косово, туку и за Србија, бидејќи тоа би овозможило подобра комуникација меѓу сите земји-членки на Советот. Србија нема ништо да изгуби, бидејќи сите имаат корист од тоа што се рамноправни членови на Европскиот суд за човекови права и подлежат на конвенцијата“, истакнува Хауел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
Реномиран шпански весник: Северна Европа се подготвува…
Иако нордискиот модел денес се соочува со…
Над илјада заразени во Европа од западнонилска…
Повеќе од 1.000 случаи на инфекција со…
ЕУ ќе издвои дополнителни 200 милиони евра…
Европската унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони…
Европа стравува од нов енергетски шок: Цената…
Европскиот енергетски пазар повторно се соочува со…