Косово е определено за мир и стабилност, нагласи Османи
Косовската претседателка Вјоса Османи денеска ги прими акредитивните писма на новиот нерезидентен амбасадор на Австралија во Косово, Ричардс Роџерс и по тој повод изрази надеж дека за време на неговиот мандат билатералните односи меѓу Австралија и Косово дополнително ќе се интензивираат, пренесува Газета експрес.
Како што се наведува во соопштението на Претседателството, во врска со актуелните настани на северот, Османи на средбата истакнал дека Косово е посветено на мирот и стабилноста во регионот и Европа.
„Османи зборуваше за важноста на соработката меѓу демократските и мирољубивите држави за спротивставување на континуираните напори на злонамерните недемократски сили“, се вели во соопштението.
Се додава дека Османи ѝ се заблагодарила на Австралија за непоколебливата поддршка на Косово низ годините и ја истакнала важноста од континуирана поддршка на патот кон членството на Косово во меѓународните организации и зајакнувањето на нејзината меѓународна позиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…