Косово забрани влез на возила со српски таблички во земјата
Портпаролот на косовската Влада, Перпарим Криезиу изјави дека косовските институции одлучиле да го зголемат нивото на граничната контрола по настанот што се случи во средата на административната линија, кога беа уапсени тројца косовски специјалци
„Од безбедносни причини институциите одлучија да го зголемат нивото на гранични контроли. Поради тоа, како итен чекор, беше одлучено да се забрани влез на возила со српски регистарски таблички во Република Косово, додека анализата на состојбите од страна на безбедносните институции продолжува. Следниве постапки ќе бидат преземени врз основа на препораките на органите на прогонот“, рече Криезиу.
Претходно косовските медиуми објавија дека Владата на Косово одлучила да забрани увоз на стоки од Србија.
Сето ова се случува по апсењето на тројца косовски полицајци за кои српската МУП тврди дека биле пронајдени во централна Србија, а официјална Приштина дека биле „киднапирани“ од територијата на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…