Објавено на:

Косово може да придонесе за подобра ЕУ, смета Курти

t

Косовскиот премиер Албин Курти на денешната средба со министерката за европски прашања на Финска, Тити Тупураинен и нејзиниот ирски колега, Томас Бирн, кои ги предводат нивните државни делегации кои се во посета на Приштина, изјави дека Косово и Европската унија „имаат што да си пружат еден на друг“, јави дописникот на МИА од Приштина.

На средбата во Владата на Косово, Курти изрази задоволство поради посетата на гостите од двете држави членки на ЕУ, во, како што рече, „овие тешки времиња”.

Косовскиот премиер порача дека Косово има потреба од размена на искуства и сестрана соработка, но и дека може да придонесе „за една подобра ЕУ, од аспект на прогресот и одбраната”.

„Среќни сме што ве имаме во Косово во овие тешки времиња, времиња кои нé прават посилни. Имаме многу нешта што можеме да си пружиме еден на друг, искуства, економска, трговска, културна соработка и така натаму. Ние можеме да придонесеме за една подобра ЕУ, од аспект на прогресот и одбраната“, изјави Курти.

Претпладне делегациите на Финска и Ирска имаа средба со косовскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Бесник Бислими, по што на заедничка прес-конференција министрите Тупураинен и Бирн изјавија дека нивните земји целосно го поддржуваат Косово за визната либерализација, како и за зачленување во Советот на Европа и во други меѓународни организации.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Западен Балкан е сѐ поблиску до ЕУ,…

На 1 мај 2004 година мојот претходник…

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ…

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата…

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите…

Европскиот парламент изгласа визна либерализација за имателите…

(Видео) Курти ги повика сите етнички заедници…

Косовскиот премиер Албин Курти ги повика сите…

Советот за безбедност на ОН денеска расправа…

Седницата на Советот за безбедност на Обединетите…