Објавено на:

Косово: Обезбедивме поддршка од доволно држави за членство во Советот на Европа

t

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца е уверен дека државата ја има обезбедено поддршкатa од доволен број членки на Советот на Европа (СЕ) за зачленување во таа меѓународна организација, јави дописникот на МИА од Приштина.

По објавувањето на веста дека шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала, денеска во Стразбур официјално ја предаде апликацијата за членство на Косово во СЕ, Коњуфца изрази уверување дека сега е вистинското време за тоа.

Коњуфца им оддаде признание и на претходните косовски влади за преземните активности во правец на приближување кон СЕ.

– Поради оној долг и фокусиран придонес, мислам дека вистинската година за аплицирање на Косово во СЕ е оваа година, дотолку повеќе поради тоа што има промена во меѓународните околности, поради неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина. Исто така и волја на многу држави кои го признале Косово е директно да нé поддржат, изјави Коњуфца.

При тоа, спикерот на косовското Собрание ја зема како пример Германија и, како што напоменува, последната изјава на канцеларот Олаф Шолц, дадена пред српскиот претседател Александар Вучиќ, за поддршка на Косово во СЕ.

– Ова ни влева оптимизам дека е можно и дека треба да успееме во тој правец, изјави Коњуфца по чествувањето по повод 24-годишнината од загинувањето на косовскиот херој, еден од основачите на Ослободителната војска на Косово, Агрон Рахмани.

Владата на Косово утрово одржа електронска седница на која принципиелно ја усвои инициативата за зачленување на државата во СЕ, а само пар часови подоцна министерката за надворешни работи, Грвала, официјално ја предаде апликацијата во Стразбур.

Во СЕ членуваат 46 држави и за прием на нова членка потребни се гласовите не две третини од нив. Според медиумите во Приштина, надежите на косовските власти за прием во организацијата пораснаа по исклучувањето на Русија од неа.

Српскиот претседател Вучиќ реагираше жестоко на веста за аплицираањето на Косово за членство во СЕ, тврдејќи дека со тоа Приштина ги прекршила договорите меѓу двете држави потпишани со меѓународно посредништво. Тој најави „сериозен одговор” и „последици” и за утре, 13 мај, свика седница на Советот за безбедност на Србија во врска со настанатата ситуција.

Според Вучиќ, косовските власти со ова го прекршиле Договорт за економска стаблизација, потпишан во септември 2020 година во Вашингтон со посредство на тоашгниот претседатела на САД, Доналд Трамп. Со тој договор, Косово се обврза да не бара нови признавања на независноста и да не аплицира за членство во меѓународни организации, додека Белград да не лобира за повлекување на признавањата на косовската држава.

Во врска со овие обвинувања, медиумите и официјални лица во Приштина тврдат дека Вучиќ „повторно манипулира” и „кажува невистини” и потсетуваат дека мораториумот на споменатите активности, според потпишаното во Белата Куќа, траел една година, што значи дека истекол на 20 септември 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите…

Европскиот парламент изгласа визна либерализација за имателите…

Европски систем за правда и целосен ветинг…

Клучна определба во новиот мандат на СДСМ…

(Видео) Курти ги повика сите етнички заедници…

Косовскиот премиер Албин Курти ги повика сите…

Советот за безбедност на ОН денеска расправа…

Седницата на Советот за безбедност на Обединетите…

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ПРИВЕДЕН ВО КОСОВО: Била распишана…

Во Косово е приведен државјанин на Република…