Косово од САД бара постојана воена база и побрзо членство во НАТО

t

Косово побара од САД да воспостават постојана воена база во земјата и да ја забрзаат нејзината интеграција во НАТО по руската инвазија на Украина, изјави денеска косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај.

Соединетите Држави веќе имаат 635 војници во оваа балканска земја за да го одржат кревкиот мир како дел од мировната мисија на НАТО, вели Ројтерс.

„Забрзувањето на членството на Косово во НАТО и имањето постојана база на американски сили е итна потреба за гарантирање на мирот, безбедноста и стабилноста на Западен Балкан“, напиша Мехај на својата фејсбук-страница.

Косово им се придружи на другите земји во воведувањето санкции против Русија. Мехај рече дека неговата влада е подготвена да понуди помош за каква било воена операција на Украина, доколку тоа биде побарано од Вашингтон.

Независноста на Косово во 2008 година ја признаа повеќе од 110 земји, главно западни нации, но не и Србија или нејзиниот традиционален сојузник Русија. Четири членки на НАТО исто така одбиваат да ја признаат независноста на Косово.

Косово сè уште не е членка на Обединетите нации поради приговорите од Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…