Косово ќе аплицира за членство во ЕУ во рок од една година

t

Вицепремиерот на Косово, Бесник Бисљими, му рекол на Микулас Бек, министерот за европски прашања на Чешка, за време на неговата посета на таа земја, дека властите во Приштина имаат намера да аплицираат за членство во Европската унија за околу една година.

„Разговаравме за амбициозната европска агенда на Косово, каде што по аплицирањето за членство во Советот на Европа, имаме намера да аплицираме за членство во Европската унија во рок од една година“, напиша Бисљими на својот Фејсбук профил, пренесе Танјуг.

Тој додаде дека во разговорот ја истакнал важноста и потребата од визна либерализација за граѓаните од т.н Косово.

Чешката Република во моментов претседава со Советот на Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Велика Британија во разговори со ЕУ за…

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…

Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…