Објавено на:

Косовската бизнис алијанса предупредува: Косово може да изгуби 500 милиони евра до крајот на годината поради мерките од ЕУ

t

Косовската бизнис алијанса денеска предупреди дека поради мерките усвоени од Европската унија бидејќи приштинските власти одбиваат да ги исполнат барањата за деескалација на северот, Косово може да загуби над 500 милиони евра до крајот на годината.
Бизнис Алијансата (АКБ) предупреди дека мерките на ЕУ се штетни за Косово економски, дипломатски и политички. Овие мерки ги оценија како најсериозни од 2008 година.

„На 29 јуни АКБ предупреди колку се сериозни овие мерки, бидејќи сериозно ќе ја оштетат економијата со ограничување на средствата од ИПА фондовите, програмите на Европската комисија, како и со суспендирање на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и суспендирање на сите билатерални средби со ЕУ Владата мора да сфати кога се во прашање односите со ЕУ и САД“, се наведува во соопштението на Бизнис Алијансата.

Според АКБ, каде што има санкции, нема странски инвестиции, а тоа ќе влијае на намалување на економскиот раст и губење на добриот имиџ на Косово.

„Доколку продолжи вака, до крајот на годината Косово може да загуби повеќе од 500 милиони евра, поддршката за извозот одобрена од ЕУ, а не се исклучува можноста за одложување на рокот за почеток на визната либерализација за Косово соопшти здружението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Велика Британија во разговори со ЕУ за…

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…

Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…