Косовската министерка за трговија, Хајдари обвинета за корупција
Косовската министерка за трговија Розета Хајдари и двајца високи функционери се обвинети за злоупотреба на службена должност во корист на трето лице и откривање државни тајни, објави денеска Обвинителството.
Тројцата се осомничени за олеснување на склучувањето договори за купување нафта од Полска и пченица од Турција, за време на пандемијата Ковид-19, во вредност од неколку милиони евра и по цени далеку над пазарните цени, во корист на турски претприемач, кој исто така е обвинет.
Според Обвинителството проценетата штета врз финансиите на Косово изнесува приближно три милиони евра.
Косово наводно купило стока по цени што далеку ги надминале пазарните цени, заобиколувајќи ги тендерите за јавни набавки, при што стоката никогаш не била испорачана.
Хајдари реагираше на Фејсбук, наведувајќи дека ќе објави детална изјава кога ќе добие известување за обвинението. Таа додаде дека е горда на својата работа бидејќи обезбедила Косово да има „основни производи во резерва, во време кога бевме ранливи“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…
Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…
АХВ најави вонредна контрола во млекара по…
Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…