Косовската МНР бара поддршка од САД за членство на Косово во НАТО

t

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала денеска побара од американските претставници со кои се сретнала во Вашингтон да го поддржат членството на Приштина во НАТО.
Гервала имаше средби со помошникот на американскиот претседател Џо Бајден и висок директор за Европа во Советот за национална безбедност на САД Аманда Слот и сенаторот Гери Питерс.

Гервала на социјалната мрежа „Х“ изјавила дека имала добра средба со Слот за актуелната безбедносна ситуација на Косово и во регионот, како и дека ја истакнала важноста „да се повика Србија на одговорност за агресијата“.

„Се осврнав и на итната потреба од зајакнување на капацитетите за самоодбрана на Косово и побарав поддршка за членството на нашата земја во НАТО. Благодарни сме за увидот и постојаната поддршка на САД на Косово“, изјави Гервала.

Таа, како што наведе, разговарала за безбедноста на Косово и во регионот со сенаторот Питерс и посочила дека членството на Приштина во НАТО ќе придонесе за мирот и безбедноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…