Косовската опозиција: Курти го изолира Косово
Шефот на пратеничката група на Алијансата за иднината на Косово, Бесник Тахири, денеска во Собранието изјави дека оваа партија нема да учествува во гласањето на ниту еден закон, оценувајќи дека Косово е во ќорсокак, а постапките и изјавите членовите на владата на Албин Курти се скандалозни, јавуваат Репортери.
„Како пратеничка група денеска не учествувавме во работата на Претседателството (Парламентот) и нема да учествуваме во гласањето на сите нивоа, почнувајќи од Претседателството, Комисиите и седниците. Причината е едноставна, земјата е на ќорсокак. Единствениот излез е да се распишат избори, други начини нема“, рече тој.
Тахири изјави дека Курти го изолирал Косово.
„Тој е заглавен во неговиот кабинет и го испраќа Косово во бездна, тоа мора да престане. Единствениот начин да се спречи тоа е да се вратиме на нашата петиција и да одиме на избори“, рече тој.
Последните изјави кои дојдоа од членови на Владата, Тахири ги оцени како „скандалозни“.
Што се однесува до изјавите на членовите на Владата на Косово, тие се уште се скандалозни“, рече Тахири.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…