Објавено на:

Косовската опозиција со нови критики кон Курти: Да се ​​интересираше за тунелот Призрен-Тетово, ќе разговараше за тоа со Ковачевски

t

Поранешниот шеф на кабинетот на поранешниот премиер Рамуш Харадинај, Авни Арифи оцени дека премиерот Албин Курти ја „закопал“ идејата за тунел што го поврзува Призрен со Тетово, бидејќи таков тип на договор не е склучен со општините.

Арифи на Фејсбук изјави дека Тетово е град со албанско мнозинство, каде градоначалници се Албанци, но во исто време е само општина на Македонија.

„Согласно Уставот на Република Македонија, општините не склучуваат меѓудржавни договори, како што ниту нашите општини на Косово не склучуваат такви договори. Замислете каква е ситуацијата доколку градоначалникот на Драгаш се договори со премиерот на Македонија за ваков проект. Апсурд.“, рече Арифи.

Арифи вели дека доколку Курти бил целосно заинтересиран за отворање на тунелот, за тоа ќе разговарал со премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, а не со градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Не заборавајте дека Македонија е суверена држава и сама ги носи одлуките“, рече Арифи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…

Сите мини во меѓународните води на Ормуска…

Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат

Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…

Некој пукал во бик со воздушна пушка…

Жител на тетовското село Волковија пријавил во…

32 бебиња се родиле викендов на ГАК!

Клиниката за Гинекологија и акушерство информира дека…

Ален Рустемовски обезбеди медал за Македонија во…

Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше уште еден…