Косовската полиција презеде контрола врз хотел во Бањска финансиран од Србија
Косовската агенција за приватизација презеде контрола врз хотелот во Бањска, во општина Звечан. Агенцијата со помош на полицијата на почетокот на акцијата ги избркала работниците од објектот и ги сменила бравите.
На КПА ѝ помагала косовската полиција, додека се случувало преземањето.
„Косовската полиција ѝ понуди помош на КПА по барањето да се стават под управа објектите на Н.Ш. сопственост на Н.Ш.Трепча Стандард, со седиште во Северна Митровица, која е во надлежност на ПАК.Бидејќи КАП немала пристап до тој дел до сега, по создавање услови и пристап и по добиена информација дека имало и незаконски активности во овие објекти, КАП со помош на полицијата го стави имотот под своја управа.Пред да се преземат овие мерки, АКП се обиде да стапи во контакт со партиите кои досега ги користеа овие објекти, но не успеа да ги идентификува или контактира со нив“, се вели во соопштението од Агенцијата за приватизација на Косово.
И косовската полиција ја потврди акцијата за локалните медиуми.
„Полицијата им помагаше на службениците од оваа институција до крајот на проверката дали овој хотел е сопственост на фирмата „Трепча““, изјави заменик директорот на полицијата за север, Ветон Елшани.
Објектот Рајска бања беше отворен во 2019 година и беше финансиран од Канцеларијата за Косово и Метохија.
Отворањето на хотелот во Бањска го изврши Марко Ѓуриќ, кој е амбасадор на Србија во САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорот на Радио-телевизијата на Војводина поднесе оставка
Генералниот директор на Радио-телевизијата на Војводина (РТВ),…
Брнабиќ: Повикам на мир, мнозинството да преземе…
Вршителката на должноста претседател на Република Србија,…
Студентите во Србија најавуваат специјален суд и…
По изборната победа во Србија, студентското движење…
Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…
Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…
Студентската листа во Србија бара оставки во…
Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…