Објавено на:

Косовската полиција упадна и презеде објект на Црвен Крст

t

Полициски службеници извршија рација во објектот на Црвениот крст на Косово на езерото Газиводе, потврди заменик-командантот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, наведувајќи дека полицијата помага во операцијата за пребарување, објавија српските медиуми.

Заменик-командантот на полицијата за Северниот регион, Ветон Елшани, прецизираше дека објектот на Црвениот крст бил претресен од страна на службеници од компанијата „Ибар-Лепенац“, со седиште во Приштина, нагласувајќи дека службеници од таа компанија го презеле објектот и дека тој е нивна сопственост.

Центарот „Драгиша Мурганиќ“, како што се нарекува објектот на Црвениот крст, беше отворен во септември 2018 година, како дел од посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на Косово

Првично, беше претставен како Центар за екологија и развој на спортот, изграден со средства од Владата на Србија, а потоа стана база на Црвениот крст за обука на деца и млади за прва помош, а се користеше и за доброволно дарување крв.

Директорот на Канцеларијата за Косово Петар Петковиќ, изјави дека станува збор за објект кој се користел исклучиво за обука на деца и учесници на курсеви на Црвениот крст, обука од областа на прва помош и спасување, разни видови спортски натпревари, обуки и предавања, сместување на туристи и спортисти кои престојувале во овој дел од Косово на езерото Газиводе, како и за организирање посети на службени лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жител на шарпланинско село во Косово е…

Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…

Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…

Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…

Косовски државјанин е лишен од слобода откако…

Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…

Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…

Марта Кос за министерката што рече „етнички…

Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави…