Објавено на:

Косовската претседателка Вјоса Османи утре доаѓа во посета на Македонија

t

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 26 април 2023 година, среда, ќе биде домаќин на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, која ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Претседателката Османи-Садриу ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Османи-Садриу и пленарен состанок на делегациите на Македонија и Косово.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

За време на официјалната посета, косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Собранието на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…