Косовската претседателка му честиташе на Африм Гаши без македонското знаме
Косовската претседателка Вјоса Османи му го честиташе на Африм Гаши изборот за претседател на македонското собрание со фотографија на која ги има знамето и грбот на Косово, но нема ниту еден државен симбол на Македонија.
– Честитки до новоизбраниот претседател на Собранието на Северна Македонија, г. Африм Гаши.
Албанците од Северна Македонија одиграа клучна улога во формирањето и градењето на државата на Северна Македонија, додека денес тие се клучни придонесувачи за нејзината европска перспектива.
Нашите земји уживаат одлични меѓусоседски односи, засновани на меѓусебно почитување, пријателство и соработка.
На претседателот Гаши му посакувам многу успех на оваа важна функција! – напиша Османи на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…