Косовската царина потврди: На сила е забраната за увоз на стоки од Србија
Косовската царина потврди дека забраната што ја воведе Владата на Косово за стоки со потекло од Србија се уште важи, пренесува Газета Експрес.
„Немаме влез на српска стока во Косово“, изјави портпаролот на Царината Адриатик Ставиљеци за Експрес.
По воведувањето на оваа забрана се очекуваше поскапување бидејќи од Србија се увезуваат голем број производи, но од Министерството за индустрија, претприемништво и трговија соопштија дека тоа не се случило.
Од ова министерство велат дека инспекторите не забележале промена на цените што на било кој начин би се поврзало со запирање на српска стока на премините.
Поради одлуката на косовската Влада камионите со српски регистарски таблички не можеа да влезат во Косово, без разлика на потеклото на производите што ги превезуваа, а ова беше мерка што ја воведе Приштина откако српската полиција уапси тројца косовски полицајци. Тогаш таа одлука беше сменета така што забраната се однесува за влез на Косово само за камиони кои превезуваат стока со потекло од Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…