Косовска полицајка пронајдена мртва во Гњилане
Трагедија го потресе Гњилане во Косово, откако медиумите на нашиот северен сосед пишуваа дека косовска полицајка била пронајдена без знаци на живот во својот дом.
Се претпоставува дека припадничката на косовската полиција извршила самоубиство. Таа наводно долго време се борела со болест.
Веста била потврдена и од регионалната полиција во Гњилане.
„Ве известуваме дека денеска на 14.05.2024 година околу 11:44 часот косовската полиција во Гњилане добила информација дека 46-годишна припадничка на косовската полиција, наводно, извршила самоубиство во нејзиниот дом во Гњилане. Полицијата веднаш се упати кон местото на настанот, како и другите надлежни единици. За други информации ќе ве информираме дополнително“, стои во известувњето.
„Косова сот“ пишува дека жртвата е Лумније Дерводели Боровци, а објави и фотографија од жртвата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жител на шарпланинско село во Косово е…
Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…
Косовски државјанин е лишен од слобода откако…
Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…
Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…
Марта Кос за министерката што рече „етнички…
Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави…