Објавено на:

Косовскиот заменик-министер за одбрана: Србија не може да го дестабилизира Косово со провокации

t

Косовскиот заменик-министер за одбрана, Шемси Сиља вели дека, и покрај различните методи на провокации со кои се служи постојано, Србија не може да го дестабилизира Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за агенцијата Косова прес, Сиља изјави дека „очигледните провокации” врз косовската погранична полиција во изминатите недели, како и низа други слични дејствија, се „продолжение на плановите на Србија за дестабилизација и за да не дозволи мирна состојба”.

– Српската политика користи различни методи на инсценирање на случаи со кои настојува да предизвика напната ситуација… Меѓутоа, нема никаква можност Србија да го дестабилизира Косово и залудни ѝ се дејствијата кои ги презема. Тие само го покажуваат егото со кое Србија и натаму сонува нешто што е веќе надминато. Сепак, ние треба да бидеме будни и подготвени и во тој правец постојано работиме, изјави Сиља.

Според него, Белград го избегнува дијалогот со Приштина, затоа што не е подготвен да се соочи со актуелната косовска Влада, која „има јасни цели и намери”. Поради тоа, вели заменикот-министер за одбрана на Косово, Србија ги избегнува средбите и „се занимава со подготвување конфликти, сé со цел да го избегне и дијалогот”.

Сиља вели дека моментно се работи на подигнување на капацитетите на Безбедносните сили на Косово, со цел што поскоро да се дојде до зачленување во НАТО. За тоа, изјави Сиља за КосоваПрес, постои поддршка, „не само вербална, туку и од државни инстанци и од институционален аспект”, од повеќе држави кои се партнери на Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Совет за безбедност на Косово: Србија поседува…

На барање на косовскиот премиер Албин Курти,…

Вучиќ ќе се сретне со Си Џинпинг…

 Кинескиот претседател Си Џинпинг доаѓа во Белград…

НАВРЕДА ОД ВУЛИН! „Северномакедонците знаат дека нивниот…

По изјавата на шефот на дипломатијата Бујар Османи дека…

Џафери: Македонија ќе гласа ЗА членство на…

Премиерот на Македонија, Талат Џафери изјави дека…

Џафери – Османи: Македонија во духот на…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат…