Косовскиот МВР апелира Србите да не ја продолжуваат играта на Вучиќ: Барикадите мора да се отстранат!
Министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечља порача дека мора да се отстранат барикадите на северот на Косово.
„Игрите на Вучиќ продолжуваат. Прво рекоа дека има конфликт во Зубин Поток инициран од косовската полиција. Кога сфатија дека го нападнале КФОР, сакаат да ги негираат сите напади. Барикадите мора да се отстранат. Србија мора да престане да организира нелегални криминалци структури кои имаат за цел да го дестабилизираат Косово“, рече Свечља во објава на Твитер синоќа околу полноќ.
Пред Свечља да ја објави оваа изјава во која тврди дека КФОР бил нападнат, од оваа мисија беше соопштено дека нивната патрола додека била на должност во околината на Зубин Поток слушнала и видела неколку истрели во близина и дека нема повредени или материјална штета. .
Лидерот на Српската листа Горан Ракиќ синоќа изјави дека нема напад на КФОР во Зубин Поток и дека Србите на северот на Косово го почитуваат КФОР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…