Објавено на:

Косовскиот министер за одбрана: Партнерството меѓу Косово и САД е вечно

t

Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај изјави дека партнерството на Косово со Соединетите Американски Држави е вечно, дека било и ќе остане.
Во објава на Фејсбук, Мехај истакна дека косовската „армија пораснала со силна поддршка на САД“.

„Партнерството со Соединетите Американски Држави е вечно, било и секогаш ќе остане така. Нашата армија порасна пред се со силна поддршка на САД, убеден сум дека нашиот понатамошен развој ќе продолжи. Ги споделуваме истите вредности и принципи, мир и безбедност за сите без разлика. Членството во НАТО останува приоритет за нас, бидејќи само кога ќе се постигне, можеме да имаме траен мир“, рече Мехај.

Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, вчера изјави дека откажувањето на учеството на Косово на вежбата „Дефендер Европа 2023“ е првата последица за Владата на Косово, која ги отфрли повиците на Вашингтон за деескалација на ситуацијата на северот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…