Косовските власти децидни: Ќе аплицираме за членство во ЕУ оваа година!
Косово ќе поднесе официјална апликација за членство во ЕУ до крајот на 2022 година, со цел да добие пристап до придобивките од кандидатскиот статус, изјави министерот за надворешни работи на Косово за локалните медиуми во средата.
„Рековме дека ќе аплицираме оваа година, и ќе аплицираме оваа година“, изјави Доника Гервала-Шварц за косовската “ТВ Клан”.
„Исто така, ги известивме нашите меѓународни партнери дека нашата цел е да аплицираме оваа година, бидејќи сакаме да уживаме кандидатски статус во ЕУ.
Гервала-Шварц истакна дека над 90 отсто од жителите на Косово се за членство во ЕУ и НАТО и ги поддржуваат како „единствениот пат кон европската иднина“, што според неа ја прави апликацијата за пристап „сама по себе природна“.
Косово е „водач на демократијата во нашиот регион“, рече Гервала-Шварц, додавајќи дека „нема причина Косово да се третира поинаку од другите регионални земји, кои ни приближно не се толку демократски“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…