Косовски аналитичар: Неприфатливо е Курти да учествува на изборите во Македонија

t

Аналитичарот од Приштина, Ридван Бериша, го нарече неприфатливо вклучувањето на Движењето „Самоопределување“ во политичкиот живот на Македонија, оценувајќи дека Албин Курти на тој начин доведува до поделба меѓу Албанците, како што тоа го направи во три општини на југот на Србија, Црна Гора и Албанија, пренесува ABC News.
„Сакам да ја споделам мојата загриженост како новинар и граѓанин на Косово поради директното вклучување на партијата на Курти во друга земја, во внатрешниот живот на таа земја. Ова е неприфатливо“, рече Бериша.

Тој вели дека Курти треба да придонесе за подобрување на климата меѓу албанските политички субјекти, а не да ги дели и наведува дека партијата на Курти се обидела политички да се ангажира на ист начин во Албанија, Црна Гора, Прешево, Медвеѓа и Бујановац, но и во Швајцарија и Велика Британија..

„Премиерот на Косово наместо да ја одржува политичката кохезија меѓу албанските политички сили охрабрувајќи ги да заземаат што е можно повисоки функции во Македонија, оди таму и одлучува да ја поддржи македонско-албанската опозиција. Курти е дисциплиниран политичар во преговорите со ЕУ, никогаш не вели не, дури ни кога му нудат француско-германски план, туку во Приштина се однесува како типичен балкански политичар со крената глава, а од другата страна прави руска салата од Косово. во институционалниот поредок“, рече Бериша.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовската опозиција: Курти е во мисија да…

Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска…

Курти: Се подготвуваме да аплицираме за членство…

Албин Курти изјави дека по аплицирањето за…

Курти во САД побара американскиот камп Бондстил…

Курти во САД побара американскиот камп Бондстил…

Курти: Србија не сака договор со Косово,…

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека Србија…