Објавено на:

Косовски државјани осомничени за воени злосторства уапсени во Црна Гора

t

Косовската полиција соопшти дека во Црна Гора се уапсени двајца државјани на Косово, кои се барани со меѓународна потерница, под сомнение дека извршиле воени злосторства во војната во 1998-99 година во Косово.

Лицето идентификувано со иницијалите З.В. (роден 1961 година), е уапсено на 1 октомври, додека на 4 октомври е уапсен И.Б. (роден 1975-та).

-По координацијата и меѓусебната размена на информации помеѓу косовската полиција и надлежните органи на Црна Гора, на 01.10.2023 година, црногорските власти на своја територија го уапсија лицето кое се бара со меѓународна потерница со иницијали З. В, државјанин на РКС, баран од косовските власти за сторено кривично дело „Воени злосторства“. Исто така на 04.10.2023 година, црногорските власти на територијата на Црна Гора го уапсија лицето кое се бара со меѓународна потерница со иницијали И. Б, државјанин на РКС, баран од косовските власти за кривично дело Воени злосторства, се вели во полициското соопштение.

Од полицијата соопштија дека уапсените подлегнале на процес на екстрадиција од Црна Гора во Косово, согласно законските процедури.

-Косовската полиција, преку ИЛЕКУ (Меѓународна единица за соработка за спроведување на законот), продолжува да ја унапредува меѓународната соработка со институциите за спроведување на законот од други земји, како и со меѓународните полициски и безбедносни организации, со цел апсење на лица барани со меѓународна потерница, екстрадиција или нивно изнесување пред органите на правдата, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

(Видео) Ескобар: Формирање на ЗСО е клучно…

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа…

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Шолц: Германија е подготвена да ја поддржи…

Германскиот канцелар Олаф Шолц му честиташе на…

Вежба на КФОР во Бондстил

Припадниците на мисијата на КФОР денеска изведоа…