Косовски пратеник: За нас важи “Бог на небото, САД на земјата”
Пратеникот на Демократската партија на Косово, Јавит Хаљити, во интервју за ABC News изјави дека посетата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон на Албанија, во екот на кризата на северот на Косово, е порака до Приштина и посочи истакна дека премиерот Албин Курти треба внимателно да размисли за ситуацијата во која го доведе Косово
.
Хаљити рече дека станува збор за „специјална посета“ на американскиот претседател со кого „се поврзува слободата на Косово и со која Албанците дишеле поинаку“.
„Во услови кога српските сили протераа повеќе од милион Албанци од нивните домови, преку масакри и геноцид, интервенцијата на НАТО и САД беше значајна. Благодарение на преговорите и придонесот што Албанија го даде директно да преговара со американските структури, за нас на Косово е – Бог на небото, а САД на земјата“, изјави Хаљити.
Тој побара Курти да размисли за своите позиции и да ги земе предвид советите на меѓународната заедница, а во оваа смисла особено посетата на Клинтон на Тирана.
„Како глас на опозицијата и граѓанин, го молам да размисли за ситуацијата во која го доведе Косово. Секоја порака што би можел да ја испрати Бил Клинтон треба да се земе предвид, исто како што треба да ги земе предвид советите на меѓународната заедница“, рече Хаљити.
Кога станува збор за мерките на ЕУ против Косово, тој призна дека се плаши од вториот бран санкции, но во исто време побара од опозицијата да ги остави настрана замерките и да направи стратегија за излез од кризата.
Тој додаде дека се плаши не само од санкциите на ЕУ, туку и од САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…