КОСОВСКИ ПРАТЕНИК УАПСЕН ВО АЛБАНИЈА: Шверцувал 11.300 таблети екстази
Албанската полиција во Тирана уапси пет лица за трговија со дрога, меѓу кои и пратеникот во косовскиот парламент Бесник Мујечи. Мујечи е парламентарец од владејачката партија Самоопределување, чиј шеф е косовскиот премиер Албин Курти.
Полицијата соопшти дека уапсените се фатени со 11.300 таблети екстази чија вредност достигнува 400.000 евра. Во полициската акција со кодно име „Панишер 2“, покрај Мујечи, уапсени се и Митхат Рамадни, исто така од Косово и Калем Пицари, Даниел Авдија и Амбра Мфтари.
„Истрагата утврди дека овие граѓани, искористувајќи го екот на туристичката сезона, пратките ги префрлале на автобуските линии Приштина-Тирана. Откако пратките пристигнале во Тирана, со изнајмени автомобили биле превезувани во Тирана и други градови, претежно на крајбрежјето“ – се вели во соопштението од полицијата.
Арлинд Манџука, портпарол на партијата Самоопределување на Курти, потврди дека за Мујечи е покрената дисциплинска постапка, но дека конечната одлука ќе биде донесена на состанок на раководството на партијата.
– Според добиените информации веднаш поведовме дисциплинска постапка. Ќе се одржи итен состанок за постапување по предметниот случај. По средбата ќе ве известиме за одлуката – изјави Манџука за Telegrafi.com.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Му ја објаснив ситуацијата на бојното…
краинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот…
Внимавајте денеска пеколно жешко – Температурите ќе…
Граѓаните на Македонија, а особено скопјани, денеска…
Адвокатот на таткото на Вања вечерва откри:…
Адвокатот на таткото на Вања вечерва откри:…
Жељазков: Целта на Северна Македонија не е…
Имавме многу добар разговор со претседателката на…
Трамп повика да се прекине судскиот процес…
Американскиот претседател Доналд Трамп повика Израел веднаш…