Костадиновска – Стојчевска и Агелер во Хераклеја: Имаме уникатно богатство на чија заштита посветено работиме
Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и амбасадорката на САД во нашата држава, Анџела Агелер денеска остварија средба во Хераклеја во Битола, каде беше претставен проектот за конзервација и презентација на мозаиците и архитектурата на локалитетот.
За овој проект, како што соопшти министерката Костадиновска Стојчевска на Фејсбук, беше обезбеден грант од Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство на САД.
Костадиновска Стојчевска на средбата упатила благодарност до амбасадорката Агелер за стратегиското пријателство меѓу Соединетите Американски Држави и нашата држава, за грижата и солидарноста на американскиот народ, кој преку Амбасадорскот фонд во континуитет учествува во заштитата на македонските културни богатства за идните генерации што доаѓаат.
Културата и културното наследство зборуваат за нашиот национален идентитет, тие се првиот, највидлив репрезент на државава пред секој намерник во нашата земја. Имаме уникатно богатство на чија заштита посветено работиме, пишува министерката на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ го предложи Пабло Ернандес де Кос…
Европскиот совет го предложи шпанскиот економист Пабло…
Србија оди кон десничарско раководство: Ништо од…
Србија наскоро би можела да добие претседател…
Врховниот суд на Канада го потврди најголемиот…
Врховниот суд на Канада го остави во…
Со нож ја ограбил среде кафуле во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово…
Американската армија онеспособила брод што се обидел…
Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив…