Костадиновска-Стојчевска открива скандал: Од Култура му претставиле на дипломат госпоѓа како државен секретар, а истата не ја обавувала таа позиција?!

t

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Прашањето се однесуваше на прекинувањето на значајни проекти во културата и на фактот дека незаконски се претставува кој е државен секретар во Министерството за култура.

Во продолжение, интегрален текст од прашањето:
Министре Љутков,
Драго ми е што ги продолжувате проектите коишто беа наследени, како што е еден од нив – реконструкцијата на кино „Партизан“. За волја на вистината, не ги продолжувате сите, меѓутоа сепак гледаме некое поместување.
Најголем дел од проектите ги прекинавте, како „Љубојно“ и ред други значајни проекти, меѓутоа никој не дозна зошто.
Не дознавме ни зошто нема резултати од конкурсот за креативни индустрии, како што не ги видовме ниту програмите на националните установи јавно објавени, за да знае јавноста што е тоа што е одобрено.
Не знаеме зошто не распишувате конкурс за капиталните дотации до ЕЛС, а имате 200 милиони денари на таа сметка – конкурс којшто се објавува најдоцна до април.
Знаеме колку потрошивте за Јапонија, и дека отсега имате купено авио карта за во септември повторно за Јапонија. Изгледа убаво е таму.
Но, не знаеме кој е државен секретар во Министерството за култура. Затоа моите три прашања до вас се следниве: Кој е државен секретар во Министерството за култура на 22 мај 2025 година? Кој е државен секретар во Министерството на култура на 24 мај 2025 година? Кој е државен секретар во Министерството за култура на 26 мај 2025 година?

Подоцна Костадиновска додаде дека госпоѓата која на странски дипломат му е претставена како државен секретар, воопшто не била на таа функција кога се одржала средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Кичево промовирана книгата „Чувства на хартија“…

Вчера вечер, во Центар за култура „Кочо…

Љутков: Посветени сме на заштита и унпаредување…

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков…

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска…

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската…

Левица: Министерот – глумец контра правата на…

Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално…

„Таа“ – десеттата приказна на “D’Reamers”, како…

Македонскиот бенд  D’Reamers ја претстави својата нова…